Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на свети Јован Крстител, но кога свети Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух, на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, a потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и пострада. Во Византија постави прв епископ во лицето на свети Стахиј; во Киев забоде крст на една височина и прорече блескава христијанска иднина за рускиот народ; во Тракија, Епир, Грција и Пелопонез приведе во верата мноштво народ и им постави епископи и свештеници. Во градот Патра изврши многу чуда со името на Христа и придоби многумина за Господа, меѓу кои беа братот и жената на царскиот намесник Егеат. Разјарен заради ова, Егеат го подложи светиот Андреј на маки, а потоа го распна на крст. Додека беше жив на крстот, апостолот им кажуваше корисни поуки на христијаните што се беа собрале околу неговиот крст. Народот сакаше да го симне од крстот, но тој се спротивстави на тоа. Најпосле, апостолот почна да Му се моли на Бога и притоа некоја необична светлина го заблесна целиот. Тоа светло озарување траеше околу половина час, а кога исчезна, апостолот Му ја предаде својата душа на Господ. Така го заврши својот земен век првоповиканиот апостол, којшто прв од Дванаесетте големи апостоли Го позна Господа и тргна по Него. Пострада за својот Господ во 62 година. Неговите мошти беа пренесени во Цариград. Подоцна главата му ја пренесоа во Рим, а едната рака во Москва.
#Андреј #Апостол #Учeник #Храброст #Православие
I cut a 7-hour candle and set it into 250 ml of vegetable fat.
The result? Amazing! Only a few millimeters of the candle burned overnight. This setup could easily last a whole month!
Sometimes the simplest ideas work best.
#RuggedRoots #SurvivalCandle #DIYSurvival #PrepperLife #OffgridLiving #Bushcraft #RR #SurvivalGear
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господа, оставајќи мала книга со вистинити пророштва.
#Наум #пророк #покајание #Ниневеја #пророштво
Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. ...
Во Витинија Азиска некој кнез Аквилин ужасно ги прогонуваше христијаните. Еднаш тој фати триста и седумдесет христијани и ги поведе со себе врзани на некое место каде што беше храмот на идолскиот Бог Посејдон. Овде изопачениот кнез ги принудуваше да му се поклонат на идолот и да му принесат жртва. Иако кнезот му се закануваше со смрт на оној којшто нема да се покори на неговата заповед, ниеден христијанин не му се потчини. Во тој миг покрај храмот поминуваше еден чесен маж по име Парамон. Тој застана крај толпата врзани луѓе и дозна за што се ...