Гревот е прекршување на Законите дадени од Бога. Бог не ни ги даде тие закони бесцелно или затоа што Он сакал да се мачиме, но ни ги даде затоа што тие закони се закони на постоењето на Неговото битие. На тој начин, ако ги исполнуваме Неговите заповеди, нашето битие ќе стане слично на Неговото, и со тоа ќе ја исполниме целта на нашето постоење - да станеме Богоподобни, во мера во колку што можат да бидат луѓето слични на Бога.
Бог е љубов (1. Јов. 4, 16). Затоа ние со ништо не можеме да Го навредиме, разгневиме и повредиме ако направиме грев. Бог е постојано тука и постојано чека да Му ги отвориме вратите на нашите срца. Со правењето на грев Он не се оддалечува од нас, туку ние од Него. Затоа гревот ни наштетува само нам, затоа што ја одбираме темнината и правејќи дела кои ни ги внушува демонот и ние стануваме како него. Ако правиме дела кои ни се заповедани од Бога, стануваме слични на Него. Затоа, кога правиме грев, пред сè да знаеме дека ние на себе сме си направиле штета, а не на Бог. Како што е кажано погоре, Бог е Љубов и Он го чека нашето покајание. Кога ние ќе се обратиме кон Него како мало беспомошно дете кон својата мајка, Он ќе ни ги прости гревовите и ќе ни помогне во тешката борба против истите. Првиот чекор во почнување на таа борба е согледување на гревовите и покајание. Вториот чекор е исповедта, а круна на овој процес е Светата Причест, преку Која стануваме дел од Христа и ја добиваме Божјата благодат која ни е потребна за победа над гревовите, живеење според заповедите со што ќе станеме дел од Бога и ќе го постигнеме вечното спасение кое е апсолутна цел на нашиот живот.
#Православие #ПравославнаВера #ГревИСпасение #Покајание #Исповед #СветаПричест #БогЕЉубов #ИсточнаПравославие #ПравославниУченија #ВераИДела #ХристијанскаПравославие #ЖивотВоХристос #ПравославнаМудрост #ВечноСпасение
Тропар
Сину на послушноста, вонмен од твојата уста секогаш ќе одекнува, о сило побрза од молњата, тебе кој најмногу пристапуваш кон чистотата, катаден ти вознесуваме молитва, за застапништво твое пред Бога. Благодарност прими за ангел доделен на секоја човечка душа, за сопатник низ митарствата, за безбројни дела на ревноста твоја, о ти гласу на Божјата слава.
Благочестив војнику на Небесниот Цар, Ромиле свети, кој од земните почести се откажа, итајќи кон војската небесна. Не издржа правдољубивото срце твое да ја скриеш вистината, и излезе да Го ...
Старец Макариј Оптински
Моли се едноставно. Во своето срце не очекувај да најдеш никаков особен дар на молитва. Сметај се себеси за недостоен за тоа тогаш ќе најдеш мир. Искористи ја празната, ладна сувост на твојата молитва како храна за твоето смирение. Постојано повторувај: „Не сум достоен, Господи, не сум достоен!" Но смирено кажувај го, без вознемиреност. Бог ќе ја прими оваа смирена молитва.
Elder Macarius of Optina
Pray simply. Do not expect to find in your heart any special gift of prayer. Consider yourself unworthy of it, and then you will find peace. Use the empty, cold dryness of your prayer as food for your humility. Repeat constantly: "I am not worthy, Lord, I am not worthy!" But say it humbly, without anxiety. God will accept this humble prayer.
#православие #православно #христијанско #поука #бог #orthodox #christian #lesson #god
Поука на денот: Колку само се лажат оние што бараат среќа надвор од себе во туѓи земји и патувања, во богатство и слава, во големи владеења и насладувања, во задоволства и празни работи, на кои горчлив им е крајот! Да се изнесува градината на среката надвор од нашето срце тоа е исто како да градиш дом на место кое постојано го тресат земјотреси. Среката се наоѓа во нас самите, и блажен е оној што го разбрал тоа... Среќа тоа е чисто срце, зашто таквото срце станува престол Божји. Така вели Господ за тие што имаат чисто срце: „Ќе се вселам во нив и ќе им ...