Светите отци Светата Тајна покајание (Исповед) ја нарекуваат „второ крштение“. Со оваа тајна, нам ни се враќа чистотата која е изгубена поради нашите гревови.
Таинството на исповедта е голема Божја милост укажана на човештвото кое е слабо и склоно кон паѓање; всушност ова таинство е средство достапно на сите и ја води кон спасение душата која постојано паѓа во прегрешенија.
Светиот Јован Кронштатдски пишува: „Треба често да си ги исповедаме гревовите, за истите да ги поразуваме и бичуваме со отворено признание и со тоа да чувствуваме кон нив поголема омраза".
Како што пишува отец Александар Елчанинов: скаменетоста „Бесчувственоста, И замреноста на душата се резултат од запуштените и неисповедани гревови. Само како се олеснува душата кога веднаш, додека уште те боли за направениот грев, истиот го исповедаш. Одложената исповед предизвикува бесчувственост".
Човекот кој често се исповеда и кој нема акумулирано многу гревови во душата, не може да не биде здрав. Исповедта е благодатно испразнување на душата. Во оваа смисла се заклучува големото значење на исповедта и воопшто на целиот живот во однос на благодатната помош од Црквата. Затоа не ја одложувај исповедта. Слабата вера и сомнежот не се пречка. Постојано исповедај се, покајувај се поради слабата вера, сомнежите, својата немоќ и гревовите... Тоа така и е: целосната вера е само кај праведните и силните по дух; како ние нечистите и малодушните да ја имаме нивната вера? Кога би имале силна вера, ние би биле свети, силни и божествени и не би имале потреба од оваа помош од Црквата, која Таа ни ја предложува. И ти не се сокривај од оваа помош.
Искреното покајание и исповед за направените гревови му носат на христијанинот не само простување, но и полнота на духовното здравје.
#Православие #ИсповедИПокајание #СветиТајни #ВтороКрштение #ДуховноЗдравје #ПатКонПокајание #ИсточнаПравославие #ПравославниУченија #БлагодатНаБог #ИсцелувањеНаДушата #ПравославенЖивот #ПравославнаМудрост #ТајниНаЦрквата
I cut a 7-hour candle and set it into 250 ml of vegetable fat.
The result? Amazing! Only a few millimeters of the candle burned overnight. This setup could easily last a whole month!
Sometimes the simplest ideas work best.
#RuggedRoots #SurvivalCandle #DIYSurvival #PrepperLife #OffgridLiving #Bushcraft #RR #SurvivalGear
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господа, оставајќи мала книга со вистинити пророштва.
#Наум #пророк #покајание #Ниневеја #пророштво
Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на свети Јован Крстител, но кога свети Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух, на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, a потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и ...
Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. ...