Според Светото Предание, наследено од апостоли те и светите отци, христијаните треба да се оградуваат со знакот на светиот Крст. Ова треба да се прави пра-вилно, а не како некои што го прават без внимание и неправилно. Православниот христијанин треба да се крсти вака:
Прво да ги состави првите три прста од десната рака заедно, како симбол на Светата Троица. Така сос-тавени, палецот, показалецот и средниот прст, ги ста-ваме на челото и изговараме: Во името на Отецот, па под градите и ги изговараме зборовите: И Синот, потоа на десното и на левото рамо и ги изговараме зборови-те: и Светиот Дух. Амин.
За време на владеењето на Римјаните, најголемите престапници биле казнувани со распнување на крст. По барање на еврејските свештеници, на таква каз-на бил осуден и најголемиот благодетел на човечки-от род, Спасителот наш Господ Исус Христос. От-тогаш крстот станал симбол на христијанската вера. Затоа христијаните со посебна почит се однесуваат кон него. Крстот е највиден надворешен знак, со кој христијанинот ја потврдува својата вера. Светиот апостол Петар им пишува на Коринтјаните: Јудејците сакаат знаци, а Елините бараат мудрост, додека ние го проповедаме Христа распнатиот, Кој е за Јудејците соблазна, а за Елините безумство (1. Кор. 1, 22-28).
Црковната песна вака го восфалува чесниот крст. КРСТОТ TOT E Е ЧУВАР НА ВСЕЛЕНАТА, КРСТОТ Е УК-РАС НА ЦРКВАТА, КРСТОТ Е СИЛА НА ВЛАДЕТЕ-ЛИТЕ, КРСТОТ Е СЛАВА НА АНГЕЛИТЕ И ПРО-ПАСТ НА ДЕМОНИТЕ.
Неправилното осенување со крсниот знак Го жа-лости Господа и му се впишува во грев на оној што не-правилно се крсти. Таквото крстење не само што нема никаква сила, туку претставува и радост за нечестиви-от, зашто то не е оружје против бесовите. Светители-те со силата на крстот лекувале болни, воскреснувале мртви, им помагале на луѓето, правејки секакви чуда со силата на крстот. Да се крстиме што почесто, при започнување и завршување на секоја добра работа, но да се крстиме правилно.
#Православие #ПравославнаВера #ИсточноПравославие #ЕднаСветаСоборнаАпостолска #Христијанство
I cut a 7-hour candle and set it into 250 ml of vegetable fat.
The result? Amazing! Only a few millimeters of the candle burned overnight. This setup could easily last a whole month!
Sometimes the simplest ideas work best.
#RuggedRoots #SurvivalCandle #DIYSurvival #PrepperLife #OffgridLiving #Bushcraft #RR #SurvivalGear
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господа, оставајќи мала книга со вистинити пророштва.
#Наум #пророк #покајание #Ниневеја #пророштво
Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на свети Јован Крстител, но кога свети Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух, на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, a потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и ...
Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. ...