И телесниот пост не е некој идол, нешто што има духовна вредност само по себе, не е некој подвиг што си е цел сам за себе. И телесниот пост е подвиг во Црквата, на Црквата и за Црквата. Телесно постиш со сите Свети во Црквата, со силата, т.е. со благодатта и опитот на Црквата и со заштедените средства од постот ги помагаш прво твоите ближни од Црквата, а потоа и секој еден што страда, а Божјата Промисла го внесува во твојот живот; и ја сведочиш љубовта на Црквата и ѝ овозможуваш да се шири и надоградува. Никаков пост сам за себе не е цел; цел е да им помогнеме на нашите блиски – затоа постиме; пред сѐ телесно, но и духовно. Постот без оваа смисла е мерзост пред Бог – и ѓавлот ништо не јаде и никого не љуби. И добро е да се потсетиме: телесниот пост треба да го држиме, согласно своите сили и благословот, на нашиот духовен отец, точно толку време колку што е одредено со светите Канони на Црквата, ништо повеќе и ништо помалку. Ако немаме сили да го држиме строго, тогаш треба барем да внимаваме да вложиме точно толку средства или труд во помош на ближниот, колку што би заштедиле кога би го држеле строго.Токму ова значат Христовите зборови: „милост барам, а не жртва“.
I cut a 7-hour candle and set it into 250 ml of vegetable fat.
The result? Amazing! Only a few millimeters of the candle burned overnight. This setup could easily last a whole month!
Sometimes the simplest ideas work best.
#RuggedRoots #SurvivalCandle #DIYSurvival #PrepperLife #OffgridLiving #Bushcraft #RR #SurvivalGear
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господа, оставајќи мала книга со вистинити пророштва.
#Наум #пророк #покајание #Ниневеја #пророштво
Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на свети Јован Крстител, но кога свети Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух, на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, a потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и ...
Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. ...