И телесниот пост не е некој идол, нешто што има духовна вредност само по себе, не е некој подвиг што си е цел сам за себе. И телесниот пост е подвиг во Црквата, на Црквата и за Црквата. Телесно постиш со сите Свети во Црквата, со силата, т.е. со благодатта и опитот на Црквата и со заштедените средства од постот ги помагаш прво твоите ближни од Црквата, а потоа и секој еден што страда, а Божјата Промисла го внесува во твојот живот; и ја сведочиш љубовта на Црквата и ѝ овозможуваш да се шири и надоградува. Никаков пост сам за себе не е цел; цел е да им ...