Што ќе се учи на часовите по веронаука?
На часовите по веронаука ќе се учат основните вистини за верата и за моралниот живот. Како да станеме подобри и да правиме добро. Како да се сакаме себеси, како да ги сакаме луѓето и како да Го сакаме Бога.
Значењето и присуството на верата во животот на секој човек. За духовните потреби на личноста Живееме во време на големи откритија. Знаеме дека грмотевиците
и молњите се природни појави кои се случуваат според поставените закони во природата. Пронајдени се одговорите на многу прашања. Разјаснети се многу тајни. Науката напредува. Сепак, најважните прашања останале без одговор, па и денешниот човек се прашува: кој сум, од каде сум, зошто сум на светов и што се случува по смртта? На овие важни прашања одговор ни дава верата. Таа постои откако постои човекот. Неа не ја измислил човекот, туку таа е стара колку него. Верата не настанала по желба на луѓето, како што настанале ралото, секирата, пенкалото и другите овоземни потреби на човекот, туку се појавила заедно со него со неговата душа.
Вера има само кај човекот. Она што е храната за телото, тоа е верата за душата. Како што телото без храна се разболува и умира, така и душата без вера во Бога пропаѓа и станува плен на злото.
Дали веруваме или не, и дали го признаваме постоењето на Бога или не, од тоа Бог ништо не губи, како што не губи сонцето ако ги одбегнуваме сончевите зраци кои ни се корисни. Губиме само ние.
#вера #религија #христијанскавера
I cut a 7-hour candle and set it into 250 ml of vegetable fat.
The result? Amazing! Only a few millimeters of the candle burned overnight. This setup could easily last a whole month!
Sometimes the simplest ideas work best.
#RuggedRoots #SurvivalCandle #DIYSurvival #PrepperLife #OffgridLiving #Bushcraft #RR #SurvivalGear
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господа, оставајќи мала книга со вистинити пророштва.
#Наум #пророк #покајание #Ниневеја #пророштво
Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на свети Јован Крстител, но кога свети Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух, на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, a потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и ...
Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. ...