Родум Мисирец, а по знимање лозар. Неговите роднини го оженија против неговата волја, но тој не сакаше да живее со жена му како со жена, туку од првиот ден ја нарече сестра и ја посоветува заедно да си ја сочуваат девственоста заради вишните богатства на небесата. Потоа, по договор жената основа женски манастир во нивниот дом, а Амон отиде во Нитриската пустина, каде што се предаде на пустински подвиг. Заради чистотата на срцето од Бога прими големи дарови на чудотворност и прозорливост. Едни маж и жена му го доведоа нивниот побеснет син за да го излечи со молитва.
Но Амон никако не сакаше. По долго навалување на родителите Амон рече: „Во вашите раце е болеста и здравјето на вашето дете. Вратете й го на онаа вдовица (и и го кажа името) волот што и го украдовте и ќе ви оздравее синот. Ужаснати од оваа прозорливост на светителот родителите веднаш го исповедаа својот грев и ветија дека штом ќе си отидат веднаш ќе го вратат украдениот вол. Тогаш Св. Амон Му се помоли на Бога и детето оздраве. Амон му беше близок другар на Св. Антониј Велики. Кога тој се упокои во Нитрија околу 350 година, Св. Антониј од својата келија ја виде Амоновата душа во висините и им рече на браќата: „Денес се престави авва Амон, еве, ја гледам неговата света душа како ја носат ангелите на небото”.
#ПреподобенАмон #ПравославенКалендар #ПустинскиОтци #Молитва #Светител
I cut a 7-hour candle and set it into 250 ml of vegetable fat.
The result? Amazing! Only a few millimeters of the candle burned overnight. This setup could easily last a whole month!
Sometimes the simplest ideas work best.
#RuggedRoots #SurvivalCandle #DIYSurvival #PrepperLife #OffgridLiving #Bushcraft #RR #SurvivalGear
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господа, оставајќи мала книга со вистинити пророштва.
#Наум #пророк #покајание #Ниневеја #пророштво
Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на свети Јован Крстител, но кога свети Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух, на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, a потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и ...
Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. ...