Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во Светото Евангелие. Говориме за најстрашниот, а истовремено и најсуптилниот облик на демоноопседнатост, а еве и зошто...
На почетокот од нашиот црковен живот прво почнува да се чисти енергијата на нашиот ум и ние го доживуваме првото „гледање“ на Божествената светлина. Тоа не е вистинско гледање, туку само интелектуално, умно – како основно знаење да разликуваме што е добро, а што лошо; и тоа знаење ни е „светлина“ за да ги согледаме единствено сопствените недостатоци и гревови; и да се поправиме. Ова е најпресудниот момент за нашиот понатамошен духовен развој. Доколку „првата светлина“ почнеме да ја користиме за судење и осудување на дејствувањето на другите, од тој момент нашиот „духовен живот“, под свое раководство, го презема демонот. Таквиот вид на „знаење“ само се зголемува со читањето на духовна литература и со животното искуство – со текот на годините, а резултатот е прехранет со знаења и исполнет со високоумие, демоноопседнат разум.
И накратко: судењето и осудувањето на другите е секогаш поврзано со самооправдување; тоа, пак, е поврзано со некој вид задоволство од сопствената „духовна“ состојба, а тоа, пак, е поврзано со бесчувствителност за отпаднатоста од Бог. Покрај ова, да се потсетиме, судењето и осудувањето на другите е показател на нашето енергетско растројство - тоа, пак, на нашето душевно растројство, а тоа, пак, на растројството на нашата личност. Човек чијашто личност е растроена, односно којшто се наоѓа во религиозна социопатија/психопатија, не чувствува потреба од духовно раководство, од покајание, како и од исповед. Поголем надворешен показател за суптилна демоноопседнатост од самораководство во „духовниот живот“ – нема!
Суптилна, велам, затоа што таквиот човек не е ни свесен за својата демоноопседнатост, дури истата е невидлива и за окото на неопитните, за очите на повеќето луѓе; а тоа е и најголемиот успех на демоните – нивното дејствување да остане незабележливо за нас, да нè убедат дека не постојат, да нè направат бесчувствителни за потребата да се ослободиме од нив, да не го видиме нашиот пад и отпаднатост од Бог; да останеме неосвестени за престојот во „туѓата земја“ и за духовниот глад и празнина. И сето ова да не го види човек е стварно да не ја види „гредата во своето око“, а во исто време, да го забележува секое несовршенство кај својот ближен, т.е. „раската во туѓото око“.
Со претходно опишаната состојба, т.е. оковани во ланците на нашите страсти и високото мислење за самите себе, или обичната гордост на простите, демонот нè држи под своја контрола оддалеку и само, одвреме-навреме, надгледува дали сме вбројани во неговото „стадо на кози“. Наоѓајќи се во ваква душевна состојба, ние можеби никогаш нема да се соочиме со него, освен на самиот крај од нашиот живот – кога веќе ќе биде доцна.
Но, оној што ќе го стави својот ум во процес на исцеление - преку послушание кон духовниот отец, и кој правилно чекори по патот на очистување на своето срце од страстите, преку молитвено насочување на енергијата на својот ум кон своето срце и Царството Небесно и Бог - внатре во нас, тој веднаш ќе се соочи со демонот; и само таквиот ќе види колку е тешка борбата со него: вината за секое зло да ја гледаш во себе; болката од претрпената неправда и од сочувството на страдањето на другите да ти биде постојан поттик за молитва кон срцето; да си мртов за славата, богатството и сладостите од овој свет – да живееш во туѓинување и анонимност, до отворањето на срцето за умно-срдечната молитва. Поголем внатрешен показател за суптилна демоноопседнатост од отсуство на подвигот на молитвено насочување на енергијата на нашиот ум кон нашето срце – нема.
Знам дека напразно пишувам на оваа тема, најглавна карактеристика на демоноопседнатоста е слепилото за истата кај себеси. Но, нека остане запишано...
Пресвета Богородице, спаси нас!
Митрополит Струмички г. Наум
++++++++++++
Денес, кога Црквата ги празнува Преподобна Пелагија, Преподобна Таиса и Св. Маченичка Пелагија, со благослов на Митрополитот Брегалнички Иларион, Митрополитот Струмички Наум отслужи Божествена Литургија во Лесновскиот манастир „Св. Архангел Михаил“.
#МитрополитНаум #ГредатаВоОкото #Православие #ДуховенЖивот #Вера
I cut a 7-hour candle and set it into 250 ml of vegetable fat.
The result? Amazing! Only a few millimeters of the candle burned overnight. This setup could easily last a whole month!
Sometimes the simplest ideas work best.
#RuggedRoots #SurvivalCandle #DIYSurvival #PrepperLife #OffgridLiving #Bushcraft #RR #SurvivalGear
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господа, оставајќи мала книга со вистинити пророштва.
#Наум #пророк #покајание #Ниневеја #пророштво
Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на свети Јован Крстител, но кога свети Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух, на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, a потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и ...
Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. ...