Преподобен Амвросиј Оптински (крштелно име Александар) се родил во 1812 година, во селото Голема Липовица, Тамбовска губернија, во многудетно семејство. На 12 години, Александар го запишале во Тамбовското духовно училиште, а по завршувањето се запишал во Тамбовската духовна семинарија. Во 1839 година отишол во Воведенската Оптина пустина, во Калужската губернија, кај преподобниот Старец јеросхимонах Лав. Му било доделено послушание да му помага на готвачот. Работата како готвач на младиот послушник му одземала голем дел од денот, така што тој не можел да оди на богослужбите, но тоа го научило на внатрешната молитва. По три години, кога наполнил триесет години, Александар бил пострижен во монаштво, со име во чест на светителот Медиолански Амвросиј, и бил ракоположен за јероѓакон, а по две години за јеромонах. Кога тешко се разболел, отец Амвросиј бил пострижен во схима, по што почнал да оздравува, но никогаш повеќе целосно не закрепнал. Тој не тажел за своите болести, туку ги сметал за неопходно средство за воспитување на душата. За да ги утеши болните, велел. „Бог од болен човек не бара телесни подвизи, туку само трпение со смирение и благодарење". За поука кај него оделе илјадници верни и неверни луѓе од цела Русија. Кај него за совет и разговор доаѓале големиот кнез Константин К. Романов, Ф.М. Достоевски, А.К. Толстој, Л.Н. Толстој, М.П. Погодин и многу други. Преподобен Амвросиј имал дар на прозорливост, исцелувал болни, им помогал на немоќните и бедните. Се упокоил на 10/23 октомври 1891 година во Шамординскиот манастир, а бил погребан во Оптинската пустина.
#вера #смирение #молитва #благодарност #светител
I cut a 7-hour candle and set it into 250 ml of vegetable fat.
The result? Amazing! Only a few millimeters of the candle burned overnight. This setup could easily last a whole month!
Sometimes the simplest ideas work best.
#RuggedRoots #SurvivalCandle #DIYSurvival #PrepperLife #OffgridLiving #Bushcraft #RR #SurvivalGear
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господа, оставајќи мала книга со вистинити пророштва.
#Наум #пророк #покајание #Ниневеја #пророштво
Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на свети Јован Крстител, но кога свети Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух, на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, a потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и ...
Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. ...