Свети Константин Кавасила се родил и живеел во бурна епоха на постојани војни и борби за превласт меѓу христијанските владетели на распарченото Источно Царство. За неговиот живот и дело се знае многу малку. Се родил во Драч, во познатото семејство Кавасила. Како припадник на благороднички род, свети Константин уште од младоста се стекнал со солидно високо образование, како во областа на световните науки така и во сферата на духовните знаења. Околу 1220 година бил хиротонисан за Струмички епископ. На струмичката катедра напишал два молебни канона за светите Петнаесет Тивериополски маченици, кои се негови први химнографски творби. Благодарение на неговата посветеност во служењето на народот Божји во Струмичката епархија, бил забележан духовен процут на епархијата,
за што епископот Константин бил пофален од самиот архиепископ Охридски Димитриј Хоматијан. Како ревносен пастир, свети Константин набргу бил поставен со митрополитско достоинство во градот Драч. На митрополитската катедра во својот роден град останал се до неговиот избор
за Охридски архиепископ, малку пред 1250 година. Трудољубиво служејќи, свети Константин целосно се посветил на Охридската Архиепископија. Како архиепископ, составил еден молебен канон за свети Климент Охридски и два во чест на свети Наум Охридски. Поради бурните политички премрежја кои следеле по Четвртата крстоносна војна и падот на Константинопол под власта на Латините, во 1257 година архиепископот Константин Кавасила бил заробен и заточен во Никејскиот затвор. Сепак, по периодот на заточеништво, бил вратен на Охридскиот престол и продолжил бескомпромисно со грижата за црковниот живот на Јужните Словени. Свети Константин Кавасила се упокоил во Охрид на 18 октомври/31 октомври, предавајќи ја својата душа во рацете Христови.
#СветиКонстантинКавасила #ПравославенКалендар #ОхридскиАрхиепископ #Вера #Светители
I cut a 7-hour candle and set it into 250 ml of vegetable fat.
The result? Amazing! Only a few millimeters of the candle burned overnight. This setup could easily last a whole month!
Sometimes the simplest ideas work best.
#RuggedRoots #SurvivalCandle #DIYSurvival #PrepperLife #OffgridLiving #Bushcraft #RR #SurvivalGear
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господа, оставајќи мала книга со вистинити пророштва.
#Наум #пророк #покајание #Ниневеја #пророштво
Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на свети Јован Крстител, но кога свети Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух, на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, a потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и ...
Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. ...