Роден е во градот Тијана кападокиска од добра и благочестива мајка, Стратоника, којашто беше слепа. Јерон со голема синовска љубов и служеше на својата слепа мајка и беше мошне ревносен христијанин. Од овие две причини не сакаше да оди во војска и ги натепа и ги испрати оние што беа пратени да го земат. Му беше жал да ја остави неговата беспомошна мајка и му беше тешко и да помисли дека како војник ќе биде принуден да им се поклонува и да им принесува жртви на идолите. Најпосле заедно со уште некои христијани беше фатен и одведен пред кнезот во Мелитина. Кога беа на пат, една ноќ на Јерон му се јави некој во бела облека и му рече: „Еве Јероне, ти јавувам за спасението: нема да војуваш за земниот цар, туку наскоро ќе извршиш подвиг за Царот небесен и кај Него ќе преминеш и од Него ќе примиш слава и чест". Од таа вест срцето на Јерон се исполни со неискажлива радост. Кога стигнаа во Мелитина сите ги фрлија во затвор. Овде Јерон со голема ревност ги утврдуваше во верата затворените, молејќи се никој од нив да не отпадне, но сите да ги предадат драговолно своите тела на маки и смрт за Христа. Пред кнезот сите едногласно ја изјавија својата вера во Господ Христос, само еден роднина на Јерон, по име Виктор, отпадна од верата. На Јерон му ја отсекоа раката, па го биеја и го мачеа со различни маки, дури најпосле заедно со останатите не го убија. Одејќи на губилиште, тие триесет и тројца маченици го пееја псалмот: „Блажени се непорочните што одат по патот на законот Господов." Да ги спомнеме по име и овие чесни маченици чиишто имиња се запишани во Книгата на Животот: Исихиј, Никандар, Атанасиј, Мамант, Варахиј, Калиник, Теоген, Никон, Лонгин, Теодор, Валериј, Ксант, Теодул, Калимах, Евгениј, Теодох, Острихиј, Епифаниј, Максимијан, Дулкитиј, Клавдијан, Теофил, Гигантиј, Доротеј, Теодор, Кастрихиј, Аникит, Темелиј, Евтихиј, Иларион, Лиодот и Амонит. Некој Хрисант ја откупи отсечената глава на Јероним и чесно ја погреба, а подоцна над неа подигна црква во името на Свети Јероним. Отсечената рака на маченикот и ја однесоа на неговата слепа мајка. Свети Јероним со дружината пострада и премина во славата Христова во 298 година.
#ПравославенКалендар #СветиЈерон #Маченици #ХристијанскаВера #ВистинскаЖртва
I cut a 7-hour candle and set it into 250 ml of vegetable fat.
The result? Amazing! Only a few millimeters of the candle burned overnight. This setup could easily last a whole month!
Sometimes the simplest ideas work best.
#RuggedRoots #SurvivalCandle #DIYSurvival #PrepperLife #OffgridLiving #Bushcraft #RR #SurvivalGear
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господа, оставајќи мала книга со вистинити пророштва.
#Наум #пророк #покајание #Ниневеја #пророштво
Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на свети Јован Крстител, но кога свети Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух, на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, a потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и ...
Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. ...