Историјата на иконата е поврзана со светогорскиот манастир Дохијар, во кој првпат била пројавена благодатната сила на оваа чудотворна икона. Се претпоставува дека иконата била насликана во 10 век, за време на игуменот на Дохијарската обител, преподобен Неофит. Околу средината на 17 век, таа се наоѓала во нишата на надворешниот ѕид, пред влезот во манастирската трпезарија. Таму често поминувале монасите, а по послушание, блиску до иконата најчесто поминувал трпезникот Нил, навечер, држејќи во рацете запален факел, од кој излегувал густ чад. Еднаш, одејќи покрај иконата, тој слушнал глас: „Оче Ниле, во иднина не приближувај се овде со запален факел и не чади го Мојот лик". На почетокот монахот се уплашил, но потоа, мислејќи дека тие зборови ги рекол некој од браќата, брзо заборавил на случката и продолжил ноќе да поминува покрај иконата со запален факел. По некое време, тој повторно го слушнал истиот глас: „Монаху, недостоен за тоа име! Уште долго време ли така безгрижно и бесрамно ќе го оштетуваш Мојот лик!?" Слушнувајќи ги тие зборови, монахот веднаш ослепел. Покајаниот монах за миг паднал на колена пред иконата и цела ноќ, до доаѓањето на браќата, Ја молел Пресветата Дева за прошка. Монасите, кога разбрале за чудото, во страв припаднале пред чудотворната икона. Пред неа запалиле незгасливо кандило, а на новиот трпезник му наредиле секоја вечер да пали темјан и да кади пред иконата. Монахот Нил, надевајќи се на големата милост на Божјата Мајка, останал покрај иконата и решил да не си оди с? додека не добие исцеление. Усрдната молитва набргу му била услишана. По некое време, коленичејќи пред иконата, тој повторно го слушнал познатиот глас: „Ниле, услишана ти е молитвата, простено ти е, и повторно се враќа видот на твоите очи. Извести ги сите браќа дека Јас сум покров, грижа и закрила на нивната обител, посветена на архангелите. Тие, и сите христијани, нека Ми се обраќаат во неволјите, а јас никого нема да го оставам. На сите што со побожност ќе прибегнат при Мене ќе им бидам Застапничка, а сите нивни молитви ќе бидат исполнети од Синот и Мојот Бог, поради Моето застапништво пред Него. Отсега па натаму, оваа Моја икона ќе се нарекува Брзопослушничка, зашто на сите што ќе прибегнуваат кон неа, брзо ќе им се смилувам и брзо ќе ги услишувам нивните молитви". По овој случај било востановено постојано празнување на иконата. Преминот кон трпезаријата на страната каде што се наоѓала иконата бил затворен, местото околу чудотворната икона било заградено, а од десната страна на иконата, при самата трпезарија, бил изграден параклис во чест на иконата „Брзопослушничка". Копии од оваа чудотворна икона се наоѓаат во многу православни земји, од кои им се излева благодатна сила на сите што прибегнуваат со вера и скрушено срце кон нив. Прва икона на оригиналот од чудотворната икона се наоѓа во метохот на Дохијарската обител, во с. Сохос, во Р. Грција. Втората се наоѓа во светиот град Ерусалим, во Спасо-вознесенската обител на Елеонската Гора. Третата се наоѓа во црквата „Свети вмч. Пантелејмон" во Николајскиот двор, во Китај-город, Русија. Четвртата се наоѓа во манастирот „Свети Архангел Михаил" на Зверинце во Киев. Петтата икона се наоѓа во градот Струмица, Македонија.
#Брзопослушничка #Богородица #Чудо #Молитва #Заштита
I cut a 7-hour candle and set it into 250 ml of vegetable fat.
The result? Amazing! Only a few millimeters of the candle burned overnight. This setup could easily last a whole month!
Sometimes the simplest ideas work best.
#RuggedRoots #SurvivalCandle #DIYSurvival #PrepperLife #OffgridLiving #Bushcraft #RR #SurvivalGear
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господа, оставајќи мала книга со вистинити пророштва.
#Наум #пророк #покајание #Ниневеја #пророштво
Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на свети Јован Крстител, но кога свети Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух, на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, a потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и ...
Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. ...