Еден од дванаесетте апостоли. Роден е во Витсаида крај езерото Галилејско, како Петар и Андреј. Од малечок научен на Светото Писмо, Филип веднаш се одѕва на повикот на Господ Исус и тргна по Него (Јован 1, 43). После слегувањето на Светиот Дух, Филип ревносно го проповедаше Евангелието во многу краишта на Азија и Грција. Во Грција, Евреите сакаа да го убијат, но со Своите моќни чуда Господ го спаси. Така, еврејскиот првосвештеник којшто се устреми да го бие одеднаш ослепе и сиот поцрне. И имаше силен земјотрес и земјата се отвори и ги проголта злобните гонители на Филип. И многу други чуда се случија, особено исцеленија на болни, заради што мнозина незнабошци поверуваа во Христа. Во Фригискиот град Јерапол, свети Филип се најде на заедничка работа со свети Јован Богослов, со својата сестра Маријамна и апостолот Вартоломеј. Таму имаше некоја опасна змија, којашто незнабошците грижливо ја хранеа и ѝ се поклонуваа како на Бог. Божјите апостоли со молитва ја умртвија оваа змија. Со тоа врз себе го навлекоа гневот на помрачените луѓе. Озлобените незнабошци го фатија Филип и го распнаа на дрво главечки, потоа го распнаа и Вартоломеј. Тогаш, земјата се отвори и го проголта судијата и мнозина други со него. Во голем страв, луѓето притрчаа да ги симнат апостолите. Но, успеаја да го симнат жив само Вартоломеј, Филип веќе беше издивнал. На крстените, Вартоломеј им го постави за епископ Стахиј, когошто претходно тој и Филип го исцелија од слепило и го крстија. Стахиј беше слеп четириесет години. Подоцна, моштите на свети Филип беа пренесени во Рим. Овој прекрасен апостол пострада во 86 година, во времето на царот Дометијан
#АпостолФилип #Православие #Вера #Христос #Светители
I cut a 7-hour candle and set it into 250 ml of vegetable fat.
The result? Amazing! Only a few millimeters of the candle burned overnight. This setup could easily last a whole month!
Sometimes the simplest ideas work best.
#RuggedRoots #SurvivalCandle #DIYSurvival #PrepperLife #OffgridLiving #Bushcraft #RR #SurvivalGear
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господа, оставајќи мала книга со вистинити пророштва.
#Наум #пророк #покајание #Ниневеја #пророштво
Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на свети Јован Крстител, но кога свети Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух, на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, a потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и ...
Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. ...