Во првата недела по празникот на свети Григориј Палама (14/27 ноември) е прославено и семејството на светителот, кое го следело патот на монашкиот подвиг. Таткото на свети Григориј Палама, свети Константин, иако живеел на царскиот двор, се одликувал со молитвено трезвеноумие. Му се случувало понекогаш толку многу да се занесе во умно-срдечната молитва, дури и за време на седница на царскиот совет. Пред крајот на својот живот се замонашил и мирно се упокоил. Мајката, пак, света Кали, при одлуката на свети Григориј да се замонаши најпрвин се нажалила, но потоа го благословила, боговдахновено радувајќи се. Не само тоа, туку и самата одлучила да се замонаши, а и останатите свои деца, со Божја помош, ги посоветувала заедно со неа да стапат во монаштво, за да може и таа да каже со пророкот: „Еве ме мене и децата што ми ги даде Бог" (Иса. 8, 18). Двајцата браќа на свети Григориј, Макариј и Теодосиј, заминале заедно со него на Света Гора, а двете сестри, Теодотија и Епихарис, заедно со мајка им стапиле во еден женски манастир во Константинопол, каде што биле замонашени. По упокојувањето на нивната добродетелна мајка, свети Григориј своите сестри ги сместил во женски манастир во Солун. Во 2009 година биле вброени во диптихот на светиите.
#Православие #Светители #Молитва #Вера #Семејство
I cut a 7-hour candle and set it into 250 ml of vegetable fat.
The result? Amazing! Only a few millimeters of the candle burned overnight. This setup could easily last a whole month!
Sometimes the simplest ideas work best.
#RuggedRoots #SurvivalCandle #DIYSurvival #PrepperLife #OffgridLiving #Bushcraft #RR #SurvivalGear
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господа, оставајќи мала книга со вистинити пророштва.
#Наум #пророк #покајание #Ниневеја #пророштво
Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на свети Јован Крстител, но кога свети Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух, на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, a потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и ...
Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. ...