На овој ден се празнува осветувањето на црквата посветена на свети Георгиј Победоносец во Киев. Кај руските кнезови, почнувајќи од рамноапостолниот кнез Владимир, постоел благочестив обичај да основаат цркви во чест на своите ангели чувари, т.е. на светителите чии имиња ги носеле или биле нивни закрилници. Така, рамноапостолниот Владимир, во светото Крштение Василиј, изградил во Киев и Вишегород цркви во чест на светиот Василиј Велики, кнезот Изјаслав Први (1054-1068), во крштение Димитриј, изградил во Киев храм и манастир во името на светиот великомаченик Димитриј (се слави на 26 октомври/8 ноември); кнезот Јарослав Мудри (1019-1054), во светото крштение Георгиј, положил темели на црквата и на машкиот манастир во чест на својот светител закрилник, светиот Георгиј (се слави на 23 април/6 мај), а исто така изградил храм и во името на маченичката Ирина (се слави на 5/18 мај), закрилничката на неговата сопруга. Црквата во чест на светиот великомаченик Георгиј се наоѓала пред вратите на Света Софија (Киевска), на неговата изградба кнезот Јарослав потрошил многу средства, а во изградбата на храмот учествувале голем број градители. На 26 ноември/9 декември црквата била осветена од страна на архиерејот Иларион, Митрополитот Киевски (се слави на 21 октомври), и било востановено секоја година на овој ден да се празнува овој голем настан. По молитвите на свети Георгиј Победоносец, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј не и спаси не. Амин!
#Георгиј #Великомаченик #Киев #Црква #Православие
I cut a 7-hour candle and set it into 250 ml of vegetable fat.
The result? Amazing! Only a few millimeters of the candle burned overnight. This setup could easily last a whole month!
Sometimes the simplest ideas work best.
#RuggedRoots #SurvivalCandle #DIYSurvival #PrepperLife #OffgridLiving #Bushcraft #RR #SurvivalGear
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господа, оставајќи мала книга со вистинити пророштва.
#Наум #пророк #покајание #Ниневеја #пророштво
Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на свети Јован Крстител, но кога свети Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух, на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, a потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и ...
Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. ...